НАТО ги осуди ракетните напади на Иран врз воените бази на САД во Ирак

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Алијансата ги осудува ракетните напади од страна на Иран врз САД и коалиционите сили во Ирак

1337179
НАТО ги осуди ракетните напади на Иран врз воените бази на САД во Ирак

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека НАТО го повикува Иран да избегнува од насилство.

Столтенберг напиша дека Алијансата ги осудува ракетните напади на Иран врз САД и коалиционите сили во Ирак, а воедно информира дека НАТО сојузниците водат разговори во врска со мисијата за обука во Ирак и дека во тој контекст ја зачувуваат својата одлучност.

Од друга страна, еден функционер на НАТО го изјави следното: „Според нашите проценки, меѓу нашиот персонал на задача во мисијата на НАТО за обука во Ирак, нема ранети или загинати. Ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на нашиот персонал, продолжуваме да ја следиме ситуацијата од близу.“

Инаку, Иранската Револуционерна армија соопшти дека синоќа се извршени напади со десетици балистички ракети врз 2 воени бази на САД во Ирак и тоа Ајн ал-Асад и во Ербил и наведе дека во овие напади загинале најмалку 80 американски војници.



Слични вести