Иранскиот министер Хатеми: „Следниот чекор на Техеран зависи од ставот на САД“

Синоќешното исфрлање на десетици балистички ракети од страна на Иран врз американските цели, претставува јасен показател за цврстата волја на вооружените сили за одмазда

1337089
Иранскиот министер Хатеми: „Следниот чекор на Техеран зависи од ставот на САД“

Иранскиот министер за одбрана Емир Хатеми рече дека следниот чекор на Техеран зависи од ставот на САД.

Според веста на новинската агенција Тасним, иранскиот министер за одбрана Хатеми во изјавата за печатот по состанокот на владата во Техеран, во врска со ракетниот напад на Иранската револуционерна гарда врз американските бази во Ирак го рече следното:

„Синоќешното исфрлање на десетици балистички ракети од страна на Иран врз американските цели, претставува јасен показател за цврстата волја на вооружените сили за одмазда“.

На прашањето на еден новинар: „Дали исфрлените ракети се последниот одговор на неодамнешниот американски напад?“, Хатеми одговори:

„Претстојните чекори на Иран зависат од ставот на САД“.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека синоќа врз американската база Ајн ал-Асад во Ирак исфрлила десетици балистички ракети.



Слични вести