Иранскиот генерал Касим Сулејмани погребан во неговиот роден град Кирман

Според веста на иранската државна телервизија, синоќа во неговиот роден град Кирман беше погребан иранскиот генерал Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда кој беше убиен во воздушен напад на САД

1336909
Иранскиот генерал Касим Сулејмани погребан во неговиот роден град Кирман

Генералот Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, кој беше убиен во реализиран воздушен напад од страна на САД во ирачкиот главен град Багдад, е погребан во неговиот роден град Кирман во Иран.

Според веста на иранската државна телервизија, синоќа беше реализиран погребот на Касим Сулејмани којшто на два пати беше одложен поради големата гужва во која дојде и до стампедо во кое има најмалку 50 загинати и над 200 повредени.

Во веста се нагласува дека, посмртните останки на Сулејмани беа погребани по извршениот идмазднички напад врз воздухопловната база на САД во Ирак Ајн ал-Асад.

Внимание привлече тоа што ракетните напади врз американските бази во Ирак се совпаднаа со погребот на Касим Сулејмани.

За извршените ракетни напади беше избран 01:20 часот кога во петокот (3 јануари, 2020 година) во ирачкиот главен град Багдад беше убиен командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда генералот Касим Сулејмани.

 



Слични вести