Иран: Целите во извршените ракетни напади врз базите на САД се погодени со сто процентна прецизност

Заменик командантот одговорен за овие операции на Иранската Револуционерна гарда Абас Нилфурушан изјави дека целите во извршените ракетни напади врз воените бази на САД Ајн ал-Асад и Ербил во Ирак се погодени со сто процентна прецизност

1337283
Иран: Целите во извршените ракетни напади врз базите на САД се погодени со сто процентна прецизност

Иран соопшти дека целите во извршените ракетни напади врз воените бази на САД Ајн ал-Асад и Ербил во Ирак се погодени со сто процентна прецизност.

Заменик командантот одговорен за овие операции на Иранската Револуционерна гарда Абас Нилфурушан во дадената изјава за новинската агенција Тасним по прашањето рече: „Силите на САД, и покрај технологијата со која што располагаат не можеа да го променат ниту неколку метри доменот на нашите ракети. Нашите ракети ги погодија со сто процентна прецизност своите цели.“ 

Велејќи дека ракетните напади врз целите на САД беа извршени во часот кога беше убиен генералот Касим Сулејмани на 3 јануари, Нилфурушан го изјави следното: „Нашата цел не претставува да започнеме војна од широк обем. Доколку САД продолжат, ѝ ние ќе се одмаздиме онака како што му доликува на нашиот народ.“

Абас Нилфурушан им се обрати и на трети земји и го рече следното: „Им се обраќам на регионалните земји. Ако имате ваши воени елементи во базите на окупаторите (САД) и тие ќе станат наша цел.“



Слични вести