Иран изврши одмазднички напад врз американските бази

Во нападот американската воздушна база во Ајн ал-Асад во Ирак беше погодена со десетици балистички ракети земја-земја

1336627
Иран изврши одмазднички напад врз американските бази

Иранската револуционерна гарда изврши одмазднички напад со балистички ракети на американските бази во ирачките градови Ербил и Анбар.

Иранската државната телевизија соопшти дека во нападот биле исфрлени 15 ракети и загинале 80 Американци.

Полуофицијалната новинска агенција на Иран „Фарс“ објави видео снимки во врска со нападите.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Иранската револуционерна гарда беше истакнато дека во рамките на одмаздничката операција за возврат на убиството на командантот на Ерусалимските сили, иранскиот генерал Касим Сулејмани во петокот, американската воздушна база во Ајн ал-Асад во Ирак беше погодена со десетици балистички ракети земја-земја.

Во соопштението беше истакнато дека во случај САД возвратат на нападот, ќе возвратат со многу посилен и поголем одговор.

Во соопштението беа предупредени земјите во кои има американски бази.

„Во сите ситуации ќе бидат разгледани непријателските и офанзивни активности насочени против Иран и истите ќе бидат нови цели на нашите напади. Не го одвојуваме виновниот американски режим од злосторството на ционистичкиот режим.“

Во соопштението беше упатена препораката до американските граѓани да ги повлечат своите војници пред да бидат изложени на поголеми последици.

Американскиот државен секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека Иран изврши ракетен напад на американските воздушни бази во ал-Асад и Ербил во Ирак во кои се стационирани американски војници. Во соопштението беше истакнато дека Иран нападот го изврши со над 12 балистички ракети и се анализираат информациите и податоците за првата штета.

Портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман во писмената изјава рече:

„На 7 јануари, во вечерните часови околу 5.30 часот според источното крајбрежје на САД, од страна на Иран беше извршен воздушен напад со десетина ракети врз американските и коалиционите сили стационирани во Ирак. Овие ракети беа исфрлени од страна на Иран и јасно е дека це на нападот беа базите Ал Асад и Ербил во Ирак во кои се стационирани американски и војници на коалицијата. Продолжуваме со анализата на податоците за причинетата штета“.

Хофман во продолжение рече дека Пентагон ги презеде сите потребни мерки наспроти евентуалните напади од страна на Иран и во тие рамки по утврдените наоди се премина во позиција на будност.

Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам рече дека претседателот Трамп активно се информира за случувањата.



Слични вести