Ирачкиот премиер во оставка Абдулмехди: Веста за иранскиот напад врз базите на САД во Ирак ја добивме однапред

Ирачкиот премиер во оставка Адил Абдулмехди истакна дека веста за тоа оти Иран ќе изврши напад врз базите на САД ја добиле однапред

1337124
Ирачкиот премиер во оставка Абдулмехди: Веста за иранскиот напад врз базите на САД во Ирак ја добивме однапред

Ирачкиот премиер во оставка Адил Абдулмехди објави писмено соопштение во врска со извршените ракетни напади од страна на иранските власти врз воените бази на САД во Ирак, а како одговор на убиството на генералот Касим Сулејмани.

Абдулмехди истакна дека веста за тоа оти Иран ќе изврши напад врз базите на САД ја добиле однапред и го рече следното. „Веста за нападот на Иран врз базите на САД ја добивме однапред. Бевме информирани дека овој напад ќе ги опфати само областите кадешто се наоѓаат војниците на САД. Меѓутоа, не беа дадени информации во врска со тоа кои места ќе бидат нападнати.“

Ирачкиот премиер во оставка Адил Абдулмехди истакна дека потоа информацијата за нападот им ја доставил на САД, а воедно го рече следното: „Во тој момент имаше дожд од ракети врз воените бази Ајн ал-Асад и во Ербил и врз други области. Во моментот кога ја добивме веста дека ќе биде извршен напад ги предупредивме ирачките воени единици да ги преземат потребните мерки. Не е доставена одредена официјална информација во однос на тоа дека во нападот имало одредени загуби на страната на Ирак и коалиционите сили.“

Абдулмехди истакна дека води дипломатија за да го спречи влегувањето на Ирак во една отворена војна и дека не го прифаќаат прекршувањето на суверенитетот на земјата.

Адил Абдулмехди ги повика сите на воздржаност пред нападите и посака да се почитуваат одлуките на ирачката држава и влада, во рамките на меѓународните договори.



Слични вести