Џевад Зариф: За ракетните напади претходно ја известивме ирачката влада

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф рече: „Пред нападот ја известивме ирачката влада. Им придаваме големо значење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.“

1337261
Џевад Зариф: За ракетните напади претходно ја известивме ирачката влада

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф соопшти дека за ракетните напади врз воените бази на САД во Ирак претходно ја известиле ирачката влада.

Според веста на иранската официјална новинска агенција „ИРНА“, шефот на иранската дипломатија Џевад Зариф застана во одбрана на тоа дека извршените ракетни напади врз американските воени бази во Ирак не претставуваат прекршување на суверенитетот на Ирак.

Велејќи дека цел на нападите беа воените бази на САД кои се поврзани со нападот во кој беа убиени иранскиот генерал Касим Сулејмани и оние заедно со него, Зариф рече: „Пред нападот ја известивме ирачката влада. Им придаваме големо значење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.“

Инаку, денеска и ирачкиот премиер во оставка Адил Абдулмехди во соопштението коешто го објави по прашањето истакна дека веста за тоа оти Иран ќе изврши напад врз воените бази на САД ја добиле однапред.



Слични вести