Доналд Трамп: Во нападот на Иран врз американските бази во Ирак нема настрадани

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека во нападот на Иран врз американските бази во Ирак нема настрадани

1337355
Доналд Трамп: Во нападот на Иран врз американските бази во Ирак нема настрадани

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа прес конференција во Белата куќа во Вашингтон посветена на растечката тензија со Иран.

Трамп истакна дека во нападот на Иран врз американските бази во Ирак нема настрадани.

Велејќи „Генералот Касим Сулејмани требаше да биде убиен многу порано“, Трамп рече дека со оваа акција му беше дадена јасна порака на Иран.

Тој, истакна дека Иран по постигнатиот нуклеарен договор со Европската унија (ЕУ) „изгуби баланс“, рече дека Иран веќе треба да ги остави зад себе своите нуклеарни цели и побара од земјите како Германија, Франција и Кина да ја повлечат својата поддршка од управата на Техеран.

Американскиот претседател упати повик и до НАТО од кое посака да биде повеќе инволвирана на Блискиот исток.

Истакнувајќи дека благодарение на предвремениот систем на предупредување во нападот на Иран врз американските бази во Ирак не загина ниту еден Ирачанец или Американец, Трамп наведе дека е причинета и мала материјална штета.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Вашингтон ќе воведе нови санкции против Иран.

Иран, во знак на одмазда против убиството на генералот Касим Сулејмани во операцијата на САД во главниот град на Ирак, Багдад, во петокот; синоќа изврши напади со десетици балистички ракети врз 2 воени бази на САД во Ирак и тоа Ајн ал-Асад и во Ербил. 

Иранската телевизија соопшти дека во нападите загинале 80 американски војници.

 

 



Слични вести