Русија: Суспендирањето на нуклеарниот договор од страна на Иран не претставува закана

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Иран се наоѓа под контрола на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и дека суспендирањето на сите свои ветувања во нуклеарниот договор не претставува закана

1335915
Русија: Суспендирањето на нуклеарниот договор од страна на Иран не претставува закана

Русија соопшти дека суспендирањето на сите свои ветувања во нуклеарниот договор од страна на Иран не претставува закана.

Во објавеното писмено соопштение од руското министерство за надворешни работи се укажува на тоа дека Иран се наоѓа под контрола на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и се истакнува следното: „Откажувањето на Техеран од ограничувањата во однос на капацитетот на збогатување на ураниумот и развојот на технолошките можности коишто се внесени во нуклеарниот договор, не претставува било каква закана од аспект на проширувањето на нуклеарното оружје.“ 

Во соопштението се наведува дека Русија останува приврзана кон нуклеарниот договор со Иран и се вели следното: „Апелираме до заинтересираните страни да не создаваат поголема затегнатост и неизвесности околу договорот којшто е од глобално значење.“

Инаку, иранската влада во неделата соопшти дека нема да се придржува кон ниту едно свое ветување во нуклеарниот договор.



Слични вести