Од Рухани до Трамп: Тие кои укажуваат на бројката 52 би било подобро да размислат за бројката 290

Иранскиот претседател Хасан Рухани на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се поставени на нишан 52 ирански цели одговори со зборовите „Тие кои укажуваат на бројката 52 би било подобро да размислат за бројката 290“

1335796
Од Рухани до Трамп: Тие кои укажуваат на бројката 52 би било подобро да размислат за бројката 290

Иранскиот претседател Хасан Рухани во врска со зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп дека „ќе бидат погодени 52 ирански цели“ одговори преку својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер. 

Рухани му се обрати на американскиот претседател Доналд Трамп со зборовите „Немој да му се закануваш на Иран“.

Хасан Рухани покажа реакција против Трамп потсетувајќи на патничкиот авион на лет број „IR 655“ којшто беше погоден од страна на Поморските сили на САД на 3 јули 1988 година кога леташе од Бендер Абас за Дубаи и во кој се наоѓаа 290 лица.

„Тие кои укажуваат на бројката 52 би било подобро да размислат за бројката 290. Никогаш немојте да му се заканувате на големиот ирански народ.“ - напиша иранскиот претседател Хасан Рухани на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп алудирајќи на држаењето во заложништво во текот на 444 дена на 52-вајцата американски дипломати кога беше нападната и опкупирана Амбасадата на САД во Техеран изјави дека „се поставени на нишан 52 ирански цели.“

Иранскиот претседател Хасан Рухани пак, како одговор на оваа изјава на Трамп одговори со бројката 290, алудирајќи притоа на соборениот ирански патнички авион со воден проектил истрелан од страна на воениот брод USS Vincennes на Поморските сили на САД, а којшто леташе од градот Бендер Абас за Дубаи.



Слични вести