Израел во 2019 година во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег сруши 521 куќа на Палестинците

Според извештајот објавен од страна на израелската организација за човекови права „B'Tselem“, во 2019 година од страна на израелските сили се срушени 256 куќи на Палестинците на Западниот Брег и 265 куќи во Источен Ерусалим (Кудс)

1336476
Израел во 2019 година во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег сруши 521 куќа на Палестинците

Израел, минатата (2019) година со тврдење дека биле незаконски во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег сруши 521 куќа на Палестинците.

Според извештајот објавен од страна на израелската организација за човекови права „B'Tselem“, во 2019 година од страна на израелските сили се срушени 256 куќи на Палестинците на Западниот Брег и 265 куќи во Источен Ерусалим (Кудс).

Како што се истакнува, во бројката на срушените куќи во Источен Ерусалим (Кудс) под изговор дека биле незаконски се вклучени и 96 градби чија изградба продолжувала. 

Освен тоа во извештајот се укажува на тоа дека поради тешкотиите коишто ги создава Израел за издавање на градежни дозволи Палестинците кои живеат во Источен Ерусалим (Кудс) своите куќи ги градат без дозвола и се вели следното: „Оваа примена на Израел кон Палестинците, е од методите за насилно наметнување на една демографска структура во Ерусалим (Кудс) каде што Евреите се во мнозинство. Израел на тој начин стеснувајќи им ги правата за живот ги присилува Палестинците на иселување од областа и пртиоа дава впечаток како да го прават тоа по сопствена волја.“

Израел кој со секој поминат ден ги проширува незаконските еврејски населби на окупираните палестински територии, на ист начин и во 2018 година под изговор дека се изградени незаконски без дозвола сруши вкупно 538 куќи и градби на Палестинците на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) кои ги држи под окупација.



Слични вести