Иранскиот генерал Касим Сулејмани ќе биде погребан во неговиот роден град Кирман

Посмртните останки на Сулејмани по одржаната церемонија во главниот град Техеран на којашто учествуваа десетици илјади Иранци, беа испретени во неговиот роден град Кирман

1335886
Иранскиот генерал Касим Сулејмани ќе биде погребан во неговиот роден град Кирман

Командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда иранскиот генерал Касим Сулејмани кој беше убиен во реализиран воздушен напад од страна на САД во главниот град на Ирак, Багдад, ќе биде погребан денеска во неговиот роден град Кирман.

Посмртните останки на Сулејмани по одржаната церемонија во главниот град Техеран на којашто учествуваа десетици илјади Иранци, се испратени во неговиот роден град Кирман.

Ковчегот со посмртните останки на Касим Сулејмани рано утрово пристигна на аеродромот во Кирман кадешто во центарот на градот ќе се одржи погребна церемонија со учество на голем број Иранци кои освен од градот се дојдени и од околните градови. 

Како што се вели Кирман е украсен со знамиња и е преобразен во црвено, додека голем број Иранци извикуваат слогани „Не сакаме ниту предавање, ниту преговори, сакаме одмазда.“

Поради големата гужва не е точно истакнато кога ќе биде точно извршен погребот, додека на погребната молитва (џеназе намазот) ќе учествуваат и ирански политичари и воени функционери.

Командантот на Иранската Револуционерна гарда Хусејин Селами кој учествува на погребната церемонија во говорот што го одржа пред големиот број насобрани Иранци, стави акцент на одмазда.

Инаку, американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) на 3 јануари, во петокот, соопшти дека во реализиран воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад е убиен командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, генералот Касим Сулејмани. 

 

 



Слични вести