Иран ги прогласи армијата на САД и институциите и компаниите поврзани со неја за „терористички“

Со ратификуваниот закон од страна на иранскиот Парламент со кодот „итно“, армијата на САД и институциите и компаниите поврзани со неја се прогласени за „терористички“

1335994
Иран ги прогласи армијата на САД и институциите и компаниите поврзани со неја за „терористички“

По убиството на командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската револуционерна гарда, генералот Касим Сулејмани, иранскиот Парламент донесе нова одлука.

Со ратификуваниот закон од страна на иранскиот Парламент со кодот „итно“, армијата на САД и институциите и компаниите поврзани со неја се прогласени за „терористички“.

Законот беше усвоен едногласно од страна на пратениците во иранскиот Парламент.

Така со направената измена во претходно усвоениот закон во иранскиот Парламент, којшто беше изгласан како одговор на одлуката на САД за внесување на Иранската Револуционерна гарда во списокот на терористички организации, армијата на САД и институциите и компаниите поврзани со неја се прогласени за „терористички“.

Инаку, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда генералот Касим Сулејмани и заменик-претседателот на Хашди Шаби Ебу Мехди ел-Мухендис беа убиени во реализиран воздушен напад на 3 јануари од страна на САД во близина на аеродромот во главниот град на Ирак, Багдад.

 

 



Слични вести