Генералниот секретар на НАТО Столтенберг разговараше телефонски со ирачкиот премиер Абдулмехди

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во телефонскиот разговор со ирачкиот премиер Адил Абдулмехди го нагласи значењето на мисијата на Алијансата во Ирак

1336315
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг разговараше телефонски со ирачкиот премиер Абдулмехди

Генералниот секретар на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) Јенс Столтенберг оствари телефонски разговор со ирачкиот премиер Адил Абдулмехди и во оваа пригода го нагласи значењето на мисијата на НАТО за обука во Ирак.

Според објавеното писмено соопштение од заменик портпаролот на НАТО Пиерс Газале по ова прашање, Столтенберг и Абдулмехди во телефонскиот разговор се осврнаа на безбедносната состојба во регионот и нејзиното влијание на мисијата на Алијансата за обука во Ирак.

Притоа, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја нагласи приврзаноста на сите сојузници кон мисијата за обука во Ирак и истакна дека обуката на локалните сили е од клучно значење за изградбата на стабилноста и борбата против меѓународниот тероризам.

Потсетувајќи дека НАТО ги суспендира за привремено активностите на својата мисија за обука во Ирак, Столтенберг подвлече дека откако ќе се подобри безбедносната состојба се спремни за повторно започнување на мисијата.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг нагласи дека ќе продолжи блискиот контакт со ирачката влада и дека сојузниците на НАТО повикуваат на воздржаност.

Инаку, по убиството на Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда во реализиран воздушен напад од страна на САД на 3 јануари во ирачкиот главен град Багдад, НАТО соопшти дека ги суспендира за привремено своите активности со мисијата за обука во Ирак.



Слични вести