Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер: Не планираме да се повлечеме од Ирак

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер истакна дека не планираа да ги повлечат своите војници од Ирак

1335973
Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер: Не планираме да се повлечеме од Ирак

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер, заедно и со началникот на Генералштабот на САД генерал Марк Мејли одржа состанок со новинарите во Пентагон и во говорот во оваа пригода изјави дека не планираат да се повлечат од Ирак.

Велејќи дека САД испраќаат дополнителна војска во регионот за зајакнување на своите сили, Еспер во врска со писмото коешто беше објавено во социјалните медиуми рече: „Не станува збор за било каква одлука за повлекување од Ирак. Не знаеме ништо тоа какво писмо е тоа, го истражуваме, меѓутоа воедно немаме било каква одлука или план за повлекување.“

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер во врска со ова писмо го изнесе и следниот коментар: „Наново ги позиционираме нашите трупи во регионот. Надвор од тоа, тоа писмо го прочитав еднаш. Не би можел да ви кажам нешто во врска со вистинитоста на писмото, меѓутоа би можел да ви го кажам тоа дека писмото не се поклопува со нашата позиција.“

Инаку, британската новинска агенција „Ројтерс“ вчера соопшти дека американската команда до властите во Багдад испратила писмо во коешто се истакнува дека во текот на следните недели ќе ги дислоцира своите единици од Ирак.

Се тврдеше дека, командантот на силите на САД на задача во Ирак напишал писмо до ирачката влада во кое ја информирал дека на барање на ирачкиот Парламент и Владата ќе се повлечат од Ирак.

Началникот на Генералштабот на САД генерал Марк Мејли, исто така истакна дека заедно со секретарот за одбрана Марк Еспер ги анализирале разузнавачките информации во врска со нападите за коишто се подготвувал Касим Сулејмани и рече: „Имам доверба во тие разузнавачки информации. Не примора да фрлиме чекор.“

Мејли додаде дека доколку не донесоа одлука за убивање на Сулејмани ќе ја запоставеа својата должност и својата одговорност кон американските сили.



Слични вести