САД го осудија нападот на силите на Хафтар врз военото училиште во либискиот главен град Триполи

Во објавеното соопштение од Амбасадата на САД во Триполи се вели следното: „Го осудуваме нападот на силите поврзани со либиската национална армија (предводена од Хафтар) врз военото училиште во областа Хадба кој резултираше со смртта на 30 питомци“

1335740
САД го осудија нападот на силите на Хафтар врз военото училиште во либискиот главен град Триполи

Соединетите Американски Држави (САД) ги осудија нападот на вооружените сили под водство на Халифа Хафтар во источниот дел на Либија, врз военото училиште во главниот град Триполи во кој загинаа 30 питомци, како и случајните бомбардирања на аеродромот Митига и околината.

Во објавеното писмено соопштение од Амбасадата на САД во Триполи се вели следното: „Го осудуваме нападот на силите поврзани со либиската национална армија (предводена од Хафтар) врз военото училиште во областа Хадба кој резултираше со смртта на 30 питомци, кои се подготвуваа да станат припадници на професионалните безбедносни сили во Триполи, како и растечката затегнатост во главнииот град.“

Американската Амбасада воедно соопшти дека на ист начин се осудуваат и случајните бомбардирања врз аеродромот Митига во Триполи и цивилните населени места во неговата околина.

Инаку, во сабота вечер за време на собирањето на питомците во едно воено ичилиште во главниот град Триполи во дворот на училиштето пред легнување, силите на Хафтар кои делуваат под име либиска национална армија во источниот дел на Либија, со наоружани беспилотни летала реализираа напад врз воено училиште во кој загинаа 30 питомци, а 33-јца беа ранети.



Слични вести