Предупредување од советникот на иранскиот верски лидер Хамнеи, Али Екбер Велајети, до САД за „втор Виетнам“

Советникот за меѓународни односи на иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, Али Екбер Велајети, рече: „Американците треба да го напуштат регионот. Ако САД не го напуштат регионот, ќе стане втор Виетнам за нив.“

1335614
Предупредување од советникот на иранскиот верски лидер Хамнеи, Али Екбер Велајети, до САД за „втор Виетнам“

Советникот за меѓународни односи на иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, Али Екбер Велајети, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да го напуштат регионот и дека во спротивно оваа географија ќе стане „втор Виетнам“ за нив.

Според веста на иранската новинска агенција „Фарс“, Советникот за меѓународни односи на иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, Али Екбер Велајети кој учествуваше на комеморативната програма што се одржа на Универзитетот „Шехид Бехешти“ во Техеран во чест на генералот Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, во говорот што го одржа овде рече: „Американците, со убиството на Сулејмани направија глупава работа, треба да го напуштат регионот. Ако САД не го напуштат регионот, ќе стане 'втор Виетнам' за нив.“

Освен тоа, Али Екбер Велајети истакна дека Сулејмани имаше блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин и беше неимарот на иранско-руската коалиција.



Слични вести