Иран целосно го суспендира Нуклераниот договор

Иранската управа ќе продолжи да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

1335211
Иран целосно го суспендира Нуклераниот договор

Иран соопшти дека нема да се придржува кон ниту една од обврските и гаранциите на нуклеарниот договор.

Во писменото соопштение што беше објавено од страна на Иранската влада беше истакнато дека Техеран во претстојниот период нема да се придржува кон ниту една обврска во врска со збогатувањето на ураниумот, складирањето, истражувањата и развојот на нуклеарната технологија.

Иран нема да се придржува кон бројот на центрифугалните забрзувања и програмата на земјата ќе се спроведува согласно потребите на земјата, беше истакнато во соопштението.

Иранската управа ќе продолжи да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и спремни сме да се вратиме кон договорот доколку се обезбеди укинување на санкциите и интересите., беше истакнато во соопштението.

Од друга страна пак генералниот секретар на Високиот совет за национална безбедност на Иран Али Шехмани рече дека дефинитивно ќе одговорат на убиството на Касим Сулејмани командантот на Ерусалимските сили приврзани кон Револуционерната гарда од страна на американските сили.

Според Иранската државна телевизија, Шемхани на средбата со претседателот на Советот на безбедноста на режимот на Асад Али Мемлук, во врска со убиството на Сулејмани рече дека одговорот на Иран на убиството на Сулејмани ќе има воен карактер. Одговорот на Иран нема да биде ограничен само со воено враќање.



Слични вести