Борел: Нуклеарниот договор има многу поголемо значење од било кога досега за регионалната и глобалната безбедност

Жозеп Борел истакна дека ја дочекал со „длабоко жалење“ одлуката на иранската влада за суспендирање на своите ветувања во нуклеарниот договор за којшто рече дека има многу поголемо значење од било кога досега за регионалната и глобалната безбедност

1335702
Борел: Нуклеарниот договор има многу поголемо значење од било кога досега за регионалната и глобалната безбедност

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, веднаш по соопштението на иранската влада за суспендирање на сите свои ветувања во нуклеарниот договор, сподели порака на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, во која соопшти дека целосното применување на иранскиот нуклеарен договор има многу поголемо значење од било кога досега за регионалната и глобалната безбедност.

Велејќи дека го дочекал со „длабоко жалење“ соопштението на иранската влада, Борел истакна дека во врска со оваа одлука се очекува потврдување од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). 

„Целосното применување на иранскиот нуклеарен договор има многу поголемо значење од било кога досега за регионалната и глобалната безбедност. Ќе продолжам да работам со сите учесници.“ - напиша шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во својата порака на социјалната мрежа Твитер. 

Инаку, по убиството на Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда во реализиран воздушен напад од страна на САД, властите во Техеран соопштија дека ги суспендираат сите свои ветувања во нуклеарниот договор и дека нема да се придржуваат кон ниту едно свое претходно дадено ветување во врска со збогатувањето на ураниумот, неговото складирање, истражување и развивање.

 



Слични вести