Прогласена тридневна жалост во Ирак поради убиството на Касим Сулејмани и Мухендис

Почнувајќи од денеска во Ирак е прогласена тридневна жалост поради убиството на командантот на Силите „Кудс“ иранскиот генерал Касим Сулејмани, заменик-претседателот на Шахди Шаби Ебу Мехди ел-Мухендис и уште 8 други лица

1334985
Прогласена тридневна жалост во Ирак поради убиството на Касим Сулејмани и Мухендис

Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди прогласи тридневна жалост за иранскиот генерал Касим Сулејмани командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, заменик-претседателот на Хашди Шаби Ебу Мехди ел-Мухендис и другите 8 лица кои беа убиени во реализиран воздушен напад од страна на САД во главниот град на Ирак, Багдад.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на Абдулмехди се истакнува следното: „Командантот на вооружените сили и премиер Адил Абдулмехди почнувајќи од денеска прогласи тридневна жалост за шехидите (загинатите).“

Инаку, американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) на 3 јануари, во петокот, соопшти дека во реализиран воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад се убиени командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда генералот Касим Сулејмани и Ебу Мехди ел-Мухендис, заменик-командантот на шиитските милициски сили Хашди Шаби. 

Во нападот, освен Сулејмани и некои ирански офицери загинаа и 5 мина Ирачани меѓу кои и Мухендис, со што беа убиени вкупно 10 лица.



Слични вести