Доналд Трамп: Доколку Иран нападне, ние поставивме на нишан 52 ирански цели

„Доколку Иран нападне Американци или американски елементи, ние поставивме на нишан 52 ирански цели. Некои се на високо ниво и се многу значајни за Иран и за иранската култура“ - напиша американскиот претседател Трамп на Твитер

1334927
Доналд Трамп: Доколку Иран нападне, ние поставивме на нишан 52 ирански цели

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во случај Иран да нападне Американци или елементи на САД се утврдени и поставени на нишан 52 ирански цели кои ќе бидат погодени.

По убивањето од страна на САД на иранскиот генерал командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда Касим Сулејмани, затегнатоста помеѓу САД и Иран го достигна врвот.

На заканите на Иран против армијата на САД и американските граѓани, претседателот Трамп одговори преку својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер и го напиша следното: „Поради тоа што го исчистивме светот од терористите кои во последно време освен тоа што убија стотици ирански демонстранти и во текот на својот живот убија голем број луѓе, воедно убија и еден Американец и ранија неколку мина, Иран зборува многу храбро дека цели против некои елементи на САД. (Сулејмани) Ионака ја напаѓаше нашата Амбасада и се подготвуваше да погоди други места. Иран со години не е ништо друго освен проблем. Ова нека послужи како предупредување.“

Американскиот претседател Доналд Трамп во својата објава на Твитер го истакна и следното: „Доколку Иран нападне Американци или американски елементи, ние (во чест на 52 Американци кои пред долги години беа земени во заложништво од страна на Иран) поставивме на нишан 52 ирански цели. Некои се на високо ниво и се многу значајни за Иран и за иранската култура. Овие цели и самиот Иран, ќе бидат погодени многу брзо и многу силно. САД повеќе не сакаат закани.“



Слични вести