Жителите на Триполи ја слават усвоената одлука во Турција за испраќање војска во Либија

Жителите на Триполи се собраа на плоштадот на Шехидите (паднатите борци) којшто е во положба на срце на главниот град и покажаа реакција против нападите коишто се реализираат од страна на милициските сили и платените војници на Хафтар

1334646
Жителите на Триполи ја слават усвоената одлука во Турција за испраќање војска во Либија
libya.jpg
libya.jpg
libya.jpg

Народот во главниот град на Либија, Триполи, од една страна  го славеше усвојувањето во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на документот за дозвола за испраќање војска во Либија, а од друга страна одржа протест против генералот пучист Халифа Хафтар.

Жителите на Триполи се собраа на плоштадот на Шехидите (паднатите борци) којшто е во положба на срце на главниот град и покажаа реакција против нападите коишто се реализираат од страна на милициските сили и платените војници на Хафтар.

Големиот број насобрани граѓани на Триполи од поставената сцена на плоштадот и се заблагодарија на Турција за дадената поддршка на Владата на национално единство како законски (легитимен) претставник на Либија и ја изразија својата радост поради донесената одлука за испраќање турска војска.

Голем број лица кои го исполнија плоштадот воедно ја покажаа својата реакција против земјите кои го поддржуваат Хафтар. Жителите на Триполи ги поставија на земја прешкртаните постери на лидерите на тие земји. 

Либиските граѓани кои ги обвинуваат Обединетите нации (ОН) поради тоа што остануваат индиферентни пред случувањата во Триполи, извикуваа слогани против земјите кои го поддржуваат генералот пучист Халифа Хафтар.

На плоштадот, покрај турски знамиња имаше и знамиња на Алжир и Тунис.



Слични вести