Во воздушен напад во Багдад врз конвој во кој се наоѓале команданти на Хашди Шаби загинаа 6 лица

Телевизискиот канал „Сумерије“ во Ирак ослонувајќи се на еден безбедносен извор, соопшти дека во областа Таџи во северниот дел на главниот град Багдад е реализиран воздушен напад врз конвој во кој се вели дека се наоѓале команданти на Хашди Шаби

1334535
Во воздушен напад во Багдад врз конвој во кој се наоѓале команданти на Хашди Шаби загинаа 6 лица

Во северниот дел на главниот град на Ирак, Багдад е реализиран воздушен напад врз уште еден конвој во кој се вели дека се наоѓале команданти на Хашди Шаби и дека во нападот се убиени 6 лица кои се наоѓале во погодените возила.

Според веста објавена на телевизискиот канал „Сумерије“ во Ирак ослонувајќи се на еден безбедносен извор, во областа Таџи во северниот дел на главниот град Багдад е реализиран воздушен напад врз уште еден конвој.

Во вестите објавени во некои локални медиумски органи се доставуваат информации дека во возилата коишто биле цел на воздушниот напад се наоѓале команданти на единицата Кетаиб Имам Али од составот на Хашди Шаби.

Според веста на ирачката новинска агенција „ИНА“, во објавеното писмено соопштение од страна на Делегацијата Хашди Шаби се истакнува дека не се точни информациите коишто се објавуваат во некои сателитски телевизиски канали и во локалните медиуми а во однос на тоа дека во возилата коишто биле цел на напад рано утрово во близина на стадионот Таџи, се наоѓале команданти на Хашди Шаби.

Во соопштението на „ИНА“ се вели дека последниот напад во Багдад не е извршен врз команданти на Хашди Шаби, туку врз конвој со здравствен персонал, додека не беа дадени било какви информации во врска со човечките загуби во воздушниот напад за којшто станува збор.



Слични вести