Русија: Убиството на Сулејмани предизвикува негативни резултати за меѓународниот безбедносен систем

Руското министерство за одбрана објави соопштение во врска со убиството на генералот Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда од страна на САД во реализирана операција во главниот град на Ирак Багдад

1334492
Русија: Убиството на Сулејмани предизвикува негативни резултати за меѓународниот безбедносен систем

Руското министерство за одбрана соопшти дека убиството на Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда од страна на САД предизвикува негативни резултати за меѓународниот безбедносен систем.

Во објавеното соопштение од министерството се истакнува дека пред да се формира коалицијата предводена од САД, во Сирија и во Ирак се водеше борба против терористичката организација ДЕАШ и Ал Каеда под водство на Сулејмани.

Во соопштението се вели дека не може да се порекне личната корист на Касим Сулејмани во борбата против ДЕАШ во Сирија и се додава следното: "Тесногледите чекори на САД во врска со убиството на генералот Сулејмани предизвикува нагло назадување на воено-политичката состојба на Блискиот исток и сериозни негативни последици за меѓународниот безбедносен систем."



Слични вести