Во операција на САД во Багдад убиен иранскиот генерал на Силите „Кудс“ Касим Сулејмани

Американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека е убиен Касим Сулејмани, едниот од водечките команданти кој е одговорен за смртта на стотици Американци и кој како последно се смета за одговорен за протестите пред Амбасадата на САД во Багдад

1333791
Во операција на САД во Багдад убиен иранскиот генерал на Силите „Кудс“ Касим Сулејмани

Во реализирана операција од страна на Соединетите Американски Држави (САД) во главниот град на Ирак Багдад е убиен генералот Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“, кои делуваат во склопот на Иранската Револуционерна гарда.

Во објавеното писмено соопштение од американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) се истакнува дека е убиен Касим Сулејмани, едниот од водечките команданти кој е одговорен за смртта на стотици Американци и кој како последно се смета за одговорен за протестите пред Амбасадата на САД во Багдад.

Во соопштението воедно се вели дека ракетниот напад чија цел беше Касим Сулејмани беше извршен по директна наредба на претседателот Доналд Трамп. 

„Сулејмани беше наредбодавачот на нападите коишто се реализираат во Ирак во текот на последните неколку месеци вклучувајќи го и (последниот) напад, кои беа причина за смртта и ранувањето на ирачки и американски граѓани. Генералот Касим Сулејмани беше личност која ги одобруваше и нападите врз Амбасадата на САД во Багдад, оваа недела. Овој напад е реализиран со цел одвраќање против идните напади на Иран.“

Високи ирачки функционери пак, соопштија дека освен генералот Касим Сулејмани се убиени уште 7 лица меѓу кои се наоѓаат и Мехди ел-Мухендис, заменик командантот на шиитската милициска група Хашди Шаби и Мухамед Риза, надлежен на организацијата за протокол на аеродромот.

Од друга страна, и американскиот претседател Доналд Трамп неколку минути по соопштението на Пентагон, на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија на американско знаме.



Слични вести