Трамп: Иран никогаш не победил во војна, но никогаш не изгубил и на преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи за прв пат по операцијата во која беше убиен Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда и повторно ја остави отворена вратата за преговори со Иран

1334461
Трамп: Иран никогаш не победил во војна, но никогаш не изгубил и на преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во која истакна дека Иран никогаш не победил во војна, но никогаш не изгубил и на преговори, оставајќи ја притоа отворена и вратата за преговори со Иран. 

Ова е прва изјава на американскиот претседател Трамп по убиството на генералот Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, во реализирана воздушна операција од страна на САД во ирачкиот главен град Багдад.

Инаку, американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека во реализиран напад на аеродромот во Багдад се убиени командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда генералот Касим Сулејмани и Ебу Мехди ел-Мухендис, заменик-командантот на шиитските милициски сили Хашди Шаби.

Иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи пак, истакна дека ќе им се одмаздат на САД за нападот. 

Хамнеи прогласи тридневна жалост во земјата и соопшти дека ќе им се даде остар одговор на американските сили.



Слични вести