Советот на Либија изрази задоволство од усвојувањето на одобрението од страна на Турција

Земјите како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет, Русија и Франција кои го поддржуваат воениот злосторник Хафтер изврши убиства врз нашите граѓани, го изложи на тага и жалост и уривања

1334103
Советот на Либија изрази задоволство од усвојувањето на одобрението од страна на Турција

Високиот државен совет на Либија изрази задоволство од вчерашното усвојување на предлого-одобрението на претсдетаелството за испраќање војници во оваа земја, а кое беше усвоено од страна на Големото национално собрание на Турција.

Во писемното соопштение кое беше објавено од страна на Советот беше истакнато следното:

„Согласно повикот за помош до Турција што го испрати Владата на национално единство која има меѓународен легитимитет во борбата против надворешните непријатели кои го поддржуваат пучистот во земјава како и неговите милицајци изразуваме задоволство од усвојувањето на предлог-одобрението на претседателството. Земјите како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет, Русија и Франција кои го поддржуваат воениот злосторник Хафтер изврши убиства врз нашите граѓани, го изложи на тага и жалост и уривања. Оваа состојба на натера да побараме легитимна помош и поддршка од турските пријатели да го заштитат нашиот народ и цивилното население. Изразуваме голем задоволство од усвојувањето на одобрението за испраќање војници од страна на Собранието на Турција“.

Во соопштението беше потенцирано и на жалењето кое се чувствува поради тешката ситуација во која падна источната страна на Либија поради пучистичкиот генерал Калифа Хафтер.

Високиот државен совет на Либија е извршно и советодавно тело формирано под покровителство на ОН согласно Договорот во Сухејрат потпишан на 17 декември 2015 година с цел да се спречи граѓанската војна во земјата.

Со Високиот државен совет на Либија кој се состои од 145 членови претставници на различни племиња, етнички идентитети и региони на земјата претседава Халид ел Мишри.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Владата на национално единство на Либија Мухамед ет Тахир Сејале оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на земјава Мевљут Чавушоглу.

Министерот Сејале на разговорот му се заблагодари на министерот Чавушоглу за поддршката на Турција и усвојувањето на предлог-одобрението на претседателството за испраќање војници во Либија на седницата на Големото национално собрание на Турција.



Слични вести