Русија: Убиството на Сулејмани е „авантуристички чекор“ кој ќе ја зголеми затегнатоста во регионот

Во објавеното писмено соопштение од Министерство за надворешни работи на Русија за руските медиуми се изразува сочувство до иранскиот народ поради убиството на Сулејмани

1334185
Русија: Убиството на Сулејмани е „авантуристички чекор“ кој ќе ја зголеми затегнатоста во регионот

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека, убиството на Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ во склопот на Иранската Револуционерна гарда, во реализиран напад од страна на САД, се оценува како „авантуристички чекор“ кој ќе ја зголеми затегнатоста во регионот.

Во објавеното писмено соопштение од Министерство за надворешни работи на Русија за руските медиуми се изразува сочувство до иранскиот народ поради убиството на Сулејмани.

Во соопштението се истакнува дека Сулејмани беше посветен да им служи на интересите на Иран и се изнесува следната констатација: „Убиството на Сулејмани во ракетен напад во Багдад реализиран од страна на Америка го оценуваме како „авантуристички чекор“ кој ќе ја зголеми затегнатоста во регионот.“

Инаку, Секретаријатот за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека во реализиран напад на аеродромот во Багдад е убиен командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда генералот Касим Сулејмани.

Во истиот напад беше убиен и Ебу Мехди ел-Мухендис, заменик-командантот на шиитските милициски сили Хашди Шаби.



Слични вести