Остри реакции и закани за одмазда од Техеран по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани

По вестите за убиството на командантот на Силите „Кудс“ генералот Касим Сулејмани, од властите во Техеран пристигнуваат остри реакции со закани за одмазда

1333978
Остри реакции и закани за одмазда од Техеран по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани

Властите во Техеран покажаа остра реакција против убиството во реализирана операција од страна на САД во главниот град на Ирак, Багдад, на генералот Касим Сулејмани командантот на Силите „Кудс“, кои делуваат во склопот на Иранската Револуционерна гарда.

Иран упати остри закани за одмазда.

Иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, по вестите за убиството на генералот Касим Сулејмани командантот на Силите Кудс прогласи тридневна жалост во земјата и рече: „Виновниците ги чека болна одмазда.“

Велејќи дека оваа загуба е болна, но дека борбата ќе продолжи до победа и животот на „виновниците“ ќе се претвори во пекол, Хамнеи го рече следното: „Убиството на Сулејмани, ќе ја зголеми двократно мотивацијата на отпорот против Соединетите Американски Држави (САД) и Израел.“

Иранскиот претседател Хасан Рухани пак, рече дека „Несомнено, ќе се одмаздат за тоа иранскиот народ и другите земји кои бараат слобода во регионот.“

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф исто така во објавеното соопштение на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека убиството на Сулејмани претставува фрлен многу опасен чекор и дека за евентуалните последици од тоа ќе бидат одговорни САД.

Велејќи дека Касим Сулејмани беше едната од највлијателните сили во борбата против терористичките организации во регионот како што се ДЕАШ, Ал Каеда и Нусра, Зариф оваа операција на САД ја окарактеризира како „меѓународен тероризам“.

Џевад Зариф извршениот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани го прокоментира со зборовите „многу опасно и глупаво“, а ја изнесе и следната констатација: „САД ќе бидат одговорни за сите последици од оваа нивна  разбојничка авантура.“

Иранскиот министер за одбрана Емир Хатеми рече: „Ќе биде одговорено остро против нападот“.

Според иранската официјална новинска агенција „ИРНА“, министерот Емир Хатеми во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Ова дивјачко убиство претставува отворен доказ за тоа дека големиот ѓавол Америка е поддржувач на тероризмот во регионот и во Ирак. Ќе биде одговорено остро на нападот и ќе им се одмаздиме на оние кои се нафатија на оваа работа, за неправедно пролеаната крв.“

Во меѓувреме, и Мухсин Ризаи еден од поранешните команданти на Иранската Револуционерна гарда изјави дека ќе се одмаздат за командантот на Силите Кудс Касим Сулејмани кој беше убиен во реализираниот напад на САД.

Мухсин Ризаи, во својата споделена порака на социјалната мрежа Твитер напиша: „Касим Сулејмани им се приклучи на неговите браќа шехиди, меѓутоа ќе им се одмаздиме болно на САД.“



Слични вести