Нови протести во Париз против планот на управата на Макрон за реформа на пензискиот систем

На одржаниот протест на улицата на Операта дојде до судир помеѓу француската полиција и демонстрантите при што беше согледано дека полицијата интервенираше врз демонстрантите со бибер гас

1334113
Нови протести во Париз против планот на управата на Макрон за реформа на пензискиот систем

Во главниот град на Франција, Париз, вчера повторно беше протестирано против планот на управата на претседателот Емануел Макрон за реформа на пензискиот систем.

На одржаниот протест на улицата на Операта дојде до судир помеѓу француската полиција и демонстрантите при што беше согледано дека полицијата интервенираше врз демонстрантите со бибер гас. 

Штрајкот којшто започна на 5 декември против планот на управата на Макрон за реформа на пензискиот систем, е регистриран како најдолг штрајк којшто е организиран во Франција од 1986 година досега.

Во последните денови од Божиќните и новогодишните празници во Франција во главниот град Париз и во другите големи градови се доживуваат сериозни недостатоци и прекини и тоа особено во превозот и здравствените услуги.

Додека францускиот претседател Емануел Макрон и владата истакнуваат дека нема да се откажат од реформата на пензискиот систем, синдикатите инсистираат во своите барања за повлекување на пензиската реформа.

Францускиот премиер Едуард Филип претходно изјави дека ќе се воведе пензиски систем со една големина и ќе се отстранат подсистемите каде што некои железнички работници и други сектори можат да се пензионираат во раните 50-ти години, една деценија пред другите.

Според една спроведена анкета, 57 отсто од француските граѓани се противат на реформата на пензискиот систем.



Слични вести