Нов командант на Силите „Кудс“ на местото на убиениот Сулејмани, е бригадниот генерал Исмаил Кани

Новонаименованиот командант на Силите „Кудс“ на местото на убиениот генерал Касим Сулејмани, бригадниот генерал Исмаил Каани, за време на иранско-ирачката војна ја извршувал должноста командант на бригадите Наср-5 и Имам Риза-21

1334224
Нов командант на Силите „Кудс“ на местото на убиениот Сулејмани, е бригадниот генерал Исмаил Кани

На местото на Касим Сулејмани кој го загуби животот во реализираната операција од страна на Соединетите Американски Држави (САД) во ирачкиот главен град Багдад, за нов командант на Силите „Кудс“ во склопот на Иранската Револуционерна гарда е назначен бригадниот генерал Исмаил Каани.

Новонаименованиот командант на Силите „Кудс“ Исмаил Каани, за време на иранско-ирачката војна ја извршувал должноста командант на бригадите Наср-5 и Имам Риза-21.

Инаку, американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека во реализиран напад на аеродромот во Багдад се убиени командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда генералот Касим Сулејмани и Ебу Мехди ел-Мухендис, заменик-командантот на шиитските милициски сили Хашди Шаби.

Иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, во дадената изјава веднаш по ваквиот настан го рече следното: „Со неговото заминување не ќе може да се сопре работата што ја прави тој и нема да се затвори тој пат. Виновниците ги чека болна одмазда.“



Слични вести