НАТО ги следи одблизу случувањата во регионот по убиството на Касим Сулејмани во Ирак

Заменик портпаролот на НАТО Дилан Вајт истакна дека продолжува блиската комуникација со американските власти под светлината на актуелните случувања

1334491
НАТО ги следи одблизу случувањата во регионот по убиството на Касим Сулејмани во Ирак

НАТО ги следи одблизу случувањата во регионот во врска со убиството на генералот Касим Сулејмани, командатот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, во воздушниот напад на САД.

Заменик портпаролот на НАТО Дилан Вајт истакна дека продолжува блиската комуникација со американските власти под светлината на актуелните случувања.

Нагласувајќи дека „НАТО мошне одблизу ја следи ситуацијата во регионот“, Вајт напомена  дека од големо значење е и безбедноста на персоналот кој се наоѓа во Ирак во склопот на Мисијата за обука на НАТО во оваа земја.

„Ќе продолжиме да ја контролираме средината на безбедност и ќе ги преземеме сите потребни мерки“ - рече заменик портпаролот на НАТО Дилан Вајт.

 

 



Слични вести