Во Тајван се урна еден хеликоптер

Во хеликоптерската несреќа во Тајван загина началникот на генералштабот Шен Ји-минг

1333299
Во Тајван се урна еден хеликоптер

Во хеликоптерската несреќа во Тајван загина началникот на генералштабот Шен Ји-минг.

Според веста на Централната новинска агенција на Тајланд (ЦНА) која ја заснова на информацијата на Министерството за одбрана, во несреќата загинаа началникот на генералштабот Шен и командантот на воздушните сили Хсиунг Ху-чи, вкупно 8 лица.

Во веста се истакнува дека хеликоптерот од типот УХ-60М Black Hawk се сруши во близината на планинското подрачје на населеното место Вулаи кај Нов Тајпеј.

По несреќата која се случи во утринските часови, 5 од 13-те лица во хеликоптерот беа спасени. Хеликоптерот пред да падне во планинското подрачје од радарот исчезнал во 08.07 часот според локално време.

Хеликоптерот од типот „Black Hawk“ пред Новата година според кинескиот календар полетал од Тајпеј за Јилан на северот на земјата со цел да изврши контрола.



Слични вести