Поплави во Индонезија

Силните и поројни дождови во некои подрачја предизвикаа лизгање на земјиштето и прелевање на реките

1333217
Поплави во Индонезија

Бројот на загинатите во поплавите што ја погодија Индонезија се зголеми на 16 лица.

Националната агенција за борба со катастрофите на Индонезија (БНПБ) соопшти дека бројот на загинатите во вчерашните поплави што ги погодија градовите Џакарта, Депок, Бекаси, Тангеран и Богор се зголеми на 16 лица.

Портпаролот на агенцијата Агус Вибово рече дека силните и поројни дождови во некои подрачја предизвикаа лизгање на земјиштето и прелевање на реките, додека поплавите неповолно се одразија врз 169 населени места.

Во продолжение Вибово рече дека по поплавите, бројот на евакуираните лица во главниот град се зголеми на 31 илјада лица.

Ова е најголемата поплава во последните 7 години во главниот град истакнаа властите и предупредија на прекумерните врнежи во претстојните денови.



Слични вести