Во воздушен напад на режимот на Асад врз училиште во Идлиб загинаа 8 цивили од кои 4 деца

Асадовиот режим во првиот ден во новата година реализира воздушен напад со касетни бомби врз едно училиште во јужниот дел на градот Идлиб при што загинаа 8 цивили од кои 4 деца, а 20 цивили се ранети

1333064
Во воздушен напад на режимот на Асад врз училиште во Идлиб загинаа 8 цивили од кои 4 деца

Во реализиран воздушен напад од страна на режимот на Бешар Асад врз едно училиште во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија 8 цивили од кои 4 деца, а 20 цивили се ранети. 

Асадовиот режим во првиот ден во новата година реализира воздушен напад со касетна бомба врз едно училиште во месноста Сермин кај населеното место Серакиб во јужниот дел на градот Идлиб.

Според добиени информации од екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во реализираниот воздушен напад врз училиштето Селаме Аббуд животот го загубија 8 цивили од кои 4 деца, а 20 цивили се ранети.

Пристигнуваат вести дека екипите за Цивилна одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување меѓу рушевините и дека ранетите се префрлени на лекување во блиските болници.

Се стравува од зголемување на бројот на жртвите. 

Од друга страна, како што соопштува Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, воедно и руски воени авиони реализирале воздушни напади врз центарот на градот Идлиб и селата Кефер Сеџне и Маршимше. 

Инаку, Русија го бомбардираше Идлиб и уште во првите минути во новата година и цел на овие воздушни напади беа центарот на градот и селото Кефер Сеџне.



Слични вести