Во 2019 г. се извршени упади врз Месџид-и Акса од страна на приближно 30 илјади фанатизирани Евреи

Според податоците и статистиките, во 2019 година се извршени упади во Месџид-и Акса од страна на приближно 30 илјади фанатизирани Евреи

1332966
Во 2019 г. се извршени упади врз Месџид-и Акса од страна на приближно 30 илјади фанатизирани Евреи

Управата на Исламските вакафи во Ерусалим (Кудс) соопшти дека во 2019 година извршиле упад (насилно влегле) во Месџид-и Акса приближно 30 илјади фанатизирани Евреи.

Шејх Азам ел-Хатиб, претседателот на Управата на Исламските вакафи на Ерусалим (Кудс) во склопот на Министерството за вакафи, свети дела и исламски прашања на Јордан, во објавеното писмено соопштение истакна дека упадите на фанатизираните Евреи во Месџид-и Акса се реализирани во придружба и под заштита на илјадници припадници на израелската војска, специјалните сили и израелското разузнавање.

Велејќи дека сите податоци и статистики укажуваат на тоа дека е доживеан раст во прекршувањата врз Месџид-и Акса и околината, Хатиб рече: „Во 2019 година 29.610 фанатизирани Евреи извршија упади во Месџид-и Акса и ја прекршија почитта кон Харем-и Шериф.“

Месџид-и Акса која се наоѓа во Источен Ерусалим (Кудс) и под израелска окупација, е карактеристична по тоа што е првата кибла на Муслиманите. 



Слични вести