Отворена закана од Трамп против Иран: Во тој случај ќе платат многу голема цена, ова не е предупредување туку закана

Претседателот Трамп ја достави следната отворена закана до Техеран: „Во случај да дојде до било какви човечки загуби, ранувања ... (во Ирак), одговорен за тоа ќе биде Иран. Во тој случај ќе платат многу голема цена. Ова не е предупредување, туку закана.“

1332780
Отворена закана од Трамп против Иран: Во тој случај ќе платат многу голема цена, ова не е предупредување туку закана

Американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со последната ситуација во Ирак сподели објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

Трамп истакна дека за било каков напад врз било кој американски објект во Ирак, одговорен ќе биде Иран и ја достави следната отворена закана против властите во Техеран: „Во тој случај ќе платат многу голема цена. Ова не е предупредување, туку закана.“

Велејќи дека Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад е во безбедност и дека во регионот се испратени голем број дополнителни американски трупи, Трамп им се заблагодари на ирачкиот претседател Бархам Салих и на премиерот Адил Абдулмехди за кои како што рече одговориле на брз начин на повикот на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено го постави на мета Иран и им се закани на властите во Техеран со зборовите: „Во случај да дојде до било какви човечки загуби, ранувања или штета во било кој наш објект (во Ирак), одговорен за тоа ќе биде Иран. Во тој случај ќе платат многу голема цена. Ова не е предупредување, туку закана.“

Инаку, организацијата Хезбулах Кетаиб која е позната по блискоста со Иран реализира напад врз коалиционите сили во подрачјето на градот Киркук во Ирак и во овој напад животот го загуби еден американски граѓанин, а беа ранети и четворица американски војници и двајца ирачки војници.

По овој напад, Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на САД соопшти дека се реализираа воздушни напади врз 5 цели на Бригадите на Хезболах во Ирак и во Сирија.

Во овие воздушни напади, во нападот врз базите на Бригадите на Хезболах во Анбар во Ирак загинаа 28 лица, а 48 мина беа ранети.

Инаку, организацијата Бригадите на Хезболах која се нарекува и Ирачки Хезболах и е поддржана од Иран, е позната како една од милициските фракции кои делуваат во склопот на шиитските милициски сили Хашди Шаби.



Слични вести