Како светот ја дочека новата 2020 година

По повод новогодишните прослави голем број Истанбулчани и туристи кои сакаа новата година да ја дочекаат на плоштадот (мегданот) Ортаќој во организација на градската самоуправа на Истанбул, уште од вечерните часови го исполнија плоштадот

1332856
Како светот ја дочека новата 2020 година
avustralya yeni yil.JPG
istanbul.jpg
istanbul.jpg
istanbul.jpg

Новата 2020 година прославена со големи прослави, со радост и воодушевување низ целиот свет.

Граѓаните на Истанбул и туристите новата година ја дочекаа со приреден величествен огномет и со спектакуларни светлосни ефекти.

По повод новогодишните прослави голем број Истанбулчани и туристи кои сакаа новата година да ја дочекаат на плоштадот (мегданот) Ортаќој во организација на градската самоуправа на Истанбул, уште од вечерните часови го исполнија плоштадот.

Голем број граѓани ја дочекаа новата година во придружба на песни коишто беа свирени од поставената платформа на плоштадот и се забавуваа во радост и веселба.

Големиот број учесници на овдешната новогодишна прослава, новата 2020 година ја дочекаа во придружба на спектакуларен огномет и најразлични светлосни ефекти од поставената платформа на површината на морето, со панорамата на Џамијата Бујук Меџидије и висечкиот мост над Босфорот „Мостот на шехидите - 15 јули“.

Најпрвин во новата 2020 година, во 12:00 часот според турско време, како и секогаш влегоа малите пацифички острови Самоа и Кирибати, а веднаш по нив во 14:00 часот според турско време и Нов Зеланд, кои се наоѓаат на јужната полутопка.

Нов Зеланд ја пречека новата деценија со приреден величествен огномет. 

Два часа по Нов Зеланд, во новата 2020 година влезе Австралија.

Австралија како прв континент кој влезе во Новата година, 2020-та година ја дочека со спектакуларен огномет во Сиднеј каде што беа приредени величествени прослави.

Огнометот над Домот на операта и над другите симболи на Сиднеј го следеа бројни туристи од сите делови од светот. Панорамата беше повеќе од спектакуларна, за што и годинава беа употребени големи количини распрскувачки ракети за огномет.

Спектакуларниот огномет во Сиднеј траеше повеќе од 10 минути.

Јапонија, во Новата година влезе во 17:00 часот според турско време, додека во Северна Кореја со оггномет и со танцеви беше испратена старата 2019 година, а беше дочекана новата 2020 година.

Величествени прослави, танцеви и огномет беа приредени и во Кина, а пред се во главниот град Пекинг.

Потоа редум во новата 2020 година влегоа и други земји почнувајќи од исток кон запад и тоа Хонгконг, Тајван, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Русија, Азербејџан, Турската Република Северен Кипар (ТРСК), балканските земји Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, па европските земји како Италија, Австрија, Франција, Германија, Велика Британија и др.

За новогодишните прослави во САД, во Њујорк на познатиот плоштад Тајмс се собраа идлјадници лица и ја дочекаа новата 2020 година во придружба на огномет и стектакуларни светлосни ефекти.

Први јануари 2020 година, како и секогаш последни го дочекаа жителите во Американска Самоа и островот Нију во јужен Пацифик.



Слични вести