Бројот на жртвите во пожарите во Нов Јужен Велс во Австралија се зголеми на 15 лица

Расте билансот на жртвите во пожарите коишто беснеат во Нов Јужен Велс, а во кои според последни добиени информации бројот на загинатите се зголеми на 15 лица

1333066
Бројот на жртвите во пожарите во Нов Јужен Велс во Австралија се зголеми на 15 лица

Бројот на загинатите во пожарите коишто беснеат во Нов Јужен Велс во Австралија се зголеми на 15 лица. 

Според вестите коишто се објавуваат во медиумите во земјата, надлежни соопштија дека во Езерото Конџола во јужниот дел на државата се пронајдени мртвите тела на уште 3 лица и дека продолжува да се трага по 4 лица кои се водат како исчезнати.

Како што се истакнува, поради тоа што пожарот во крајбрежното градче Малакута владее во шумско подрачје и ливади и повремено се проширува и во населени места, за евакуирање на илјадници лица кои се засолнале на морскиот брег во областа се испратени голем број воени бродови и авиони.

Во местата зафатени од пожарите изгореа повеќе од 175 куќи, а се истакнува дека поради прекинот на електричната струја и блокирањето на патиштата испратените бродови и авиони носеле вода, храна и гориво за погодените населени места.

Инаку, поради пожарите коишто беснеат во Нов Јужен Велс за неколку месеци се опустошени приближно 5 милиони хектари површина, а се запалени и повеќе од 100 куќи.



Слични вести