Претседателот Илхам Алиев: Азербејџан го поддржува гасоводот „Турски тек“ уште од самиот почеток

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во интервју за руската државна телевизија „Росија 24“ истакна дека неговата земја го поддржува гасоводниот проект „Турски тек“ уште од самиот почеток

1332352
Претседателот Илхам Алиев: Азербејџан го поддржува гасоводот „Турски тек“ уште од самиот почеток

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во интервју за руската државна телевизија „Росија 24“ направи проценка на регионалните енергетски проекти и меѓу другото истакна дека неговата земја го поддржува гасоводниот проект „Турски тек“ уште од самиот почеток.

Појаснувајќи дека енергетските проекти коишто се реализираат од страна на Русија и Азербејџан не се ривали, Алиев укажа на тоа дека со реализацијата на проектот Јужен гасен коридор годишно 10 милијарди кубни метри природен гас од Азербејџан ќе се испорачуваат во Европа.

Алиев рече: „Тоа претставува мала количина во споредба со испораката на Русија годишно од 150-170 кубни милијарди. Затоа Јужниот гасен коридор не е ривалски проект.“

Осврнувајќи се и на гасоводниот проект „Туркси тек“, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја изнесе следната контстација. „Знаеме колку е значаен за Турција и Русија проектот Турски тек. И двете земји се наши блиски партнери. Баку го поддржува Турски тек уште од самиот почеток. Освен тоа, Азербејџан и Русија би можеле заеднички да ја користат изградената гасоводна инфраструктура во Турција.“ 

Инаку, церемонијата на официјално пуштање во употреба на гасоводниот проект Турски тек преку кој рускиот природен гас низ Турција ќе се испорачува во Европа, се планира да се одржи на 8 јануари во Истанбул.



Слични вести