Одговорноста за бомбашкиот напад во Могадишу ја презеде терористичката организација Еш Шебаб

На аудио снимката којашто беше објавена на интернет страницата по име „Сомали Мимо“ инаку блиска со организацијата и за која се истакнува дека му припаѓа на портпаролот на Еш Шебаб, стои дека одговорноста за бомбашкиот напад ја презема организацијата

1332143
Одговорноста за бомбашкиот напад во Могадишу ја презеде терористичката организација Еш Шебаб

Одговорноста за реализираниот терористички бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, ја презеде терористичката организација Еш Шебаб.

На аудио снимката којашто беше објавена на интернет страницата по име „Сомали Мимо“ инаку блиска со организацијата и за која се истакнува дека му припаѓа на портпаролот на Еш Шебаб, стои дека одговорноста за бомбашкиот напад ја презема организацијата.

Инаку, во реализираниот терористички бомбашки напад во саботата во сомалискиот главен град Могадишу, според последни добиени информации животот го загубија 81 лице меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани, некаде околу 25 лица се водат како исчезнати, а десетици беа ранети.

По овој напад со цел да се достави помош и поддршка во лекувањето на големиот број ранети, во акција стапи и Министерството за здравство на Турција во чии рамки беше испратен во Сомалија медицински авион и 20 члена екипа составена од персонал на Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ) и лекари хирурзи.

Освен тоа, беа донесени во Турција посмртните останки на двајцата турски граѓани кои го загубија животот во нападот, како и 16 ранети сомалиски граѓани кои беа сместени на лекување во болници во Анкара.



Слични вести