Хашди Шаби се закани со опколување на сите воени бази на САД во Ирак

Командантот на Бригадите Сејид Шухеда од составот на шиитските милициски сили во Ирак Хашди Шаби Ебу'л Ала ел-Велаји се закани со опколување на сите воени бази на САД во Ирак

1332753
Хашди Шаби се закани со опколување на сите воени бази на САД во Ирак

Командантот на Бригадите Сејид Шухеда од составот на шиитските милициски сили во Ирак Хашди Шаби Ебу'л Ала ел-Велаји во објавеното писмено соопштение на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, Амбасадата на САД во Багдад која денеска беше опколена од страна на поддржувачите на Хашди Шаби ја нарече „амбасада на злото“ и наведе дека наскоро ќе ги опколат и сите воени бази и штабови на САД во Ирак.

Велејќи дека нивна цел освен САД се и „земјите нивни продолжетоци“, Велаји рече дека земјите за кои станува збор се Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Освен тоа, Велаји истакна дека времето коешто измина од упадот во Амбасадата на САД во Техеран во 1979 година до денешниот упад во Амбасадата во Багдад претставува кратко резиме на 40 годишната историја.

Инаку, стотици лица кои во знак на протест против воздушните напади на САД врз Бригадите на Хезболах во склопот на Хашди Шаби утрово се собраа пред Амбасадата на САД во Багдад, најпрвин го запалија ѕидот на зградата, а потоа упаднаа (влегоа) во амбасадата.

Притоа за време на интервенцијата на ирачките безбедносни сили во амбасадата беа повредени 20 демонстранти.

Воедно и ирачкиот премиер Адил Абдулмехди, поради затегнатоста до којашто дојде ги повика демонстрантите веднаш да се разотидат и да заминат од областа на зградата на Амбасадата на САД во Багдад која се наоѓа во „Зелената зона“, а каде што се наоѓаат и владините згради.



Слични вести