Европската унија изразија загриженост од нападот врз Амбасадата на САД во Багдад

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека Европската унија (ЕУ) е загрижена од извршениот напад врз Амбасадата на САД во ирачкиот главен град Багдад

1332762
Европската унија изразија загриженост од нападот врз Амбасадата на САД во Багдад

Европската унија (ЕУ) соопшти дека чувствува загриженост поради извршениот напад врз Амбасадата на САД во ирачкиот главен град Багдад.

Портпаролот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Петер Стано во пораката што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, привлече внимание дека ирачките органи се одговорни за одбрана на странските дипломатски мисии.

Велејќи дека Европската унија (ЕУ) чувствува загриженост од извршениот напад врз Амбасадата на САД во Багдад, Стано истакна дека ЕУ истовремено го осудува и тоа што се цели против коалицијата за борба против ДЕАШ, во Ирак. 

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано напомена дека Унијата ќе продолжи да ги поддржува реформите во Ирак и барањата на ирачкиот народ.

Инаку, стотици лица кои во знак на протест против воздушните напади на САД врз Бригадите на Хезболах во склопот на Хашди Шаби утрово се собраа пред Амбасадата на САД во Багдад, по што најпрвин го запалија ѕидот на зградата, а потоа упаднаа (влегоа) во амбасадата.

Притоа за време на интервенцијата на ирачките безбедносни сили во амбасадата беа повредени 20 демонстранти.

Воедно и ирачкиот премиер Адил Абдулмехди, поради затегнатоста до којашто дојде ги повика демонстрантите веднаш да се разотидат и да заминат од областа на зградата на Амбасадата на САД во Багдад која се наоѓа во „Зелената зона“, а каде што се наоѓаат и владините згради.



Слични вести