Голем број ирачки демонстранти упаднаа во зградата на Амбасадата на САД во Багдад

Стотици лица демонстранти кои протестираа против воздушниот напад на САД врз Бригадите на Хезболах во склопот на Хашди Шаби, се собраа пред вратата на Амбасадата на САД во Багдад и упаднаа во зградата

1332603
Голем број ирачки демонстранти упаднаа во зградата на Амбасадата на САД во Багдад

Поддржувачите на шиитските милициски сили во Ирак „Хашди Шаби“ кои се собраа пред Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад, упаднаа во зградата на амбасадата.

Стотици лица демонстранти кои протестираа против воздушните напади на САД врз Бригадите на Хезболах во склопот на Хашди Шаби, се собраа пред вратата на Амбасадата на САД во Багдад која се наоѓа во „Зелената зона“ каде што се наоѓаат и владините згради.

Ирачките демонстранти извикувајќи слогани против САД го запалија ѕидот и упаднаа во зградата на амбасадата.

Додека демонстрантите се обидуваа насилно да влезат внатре во зградата, беше забележано дека пред зградата на амбасадата се наоѓаат и Хади ел-Амири, командантот на Бригадите Бедир во склопот на Хашди Шаби и Кајс ел-Хазали, лидерот на организацијата Асајиб Ехлилхак.

Големиот број собрани шиитски демонстранти почнаа да поставуваат шатори за протестирање пред зградата на амбасадата.

Освен тоа, демонстрантите на ѕидот на зградата на амбасадата на САД напишаа напис „Затворена од страна на народот“.

Според локалните медиуми, американските дипломати претходно ја напуштиле зградата на амбасадата.

Инаку, Секретаријатот за одбрана на САД завчера соопшти дека во знак на одмазда против реализираниот напад врз американските дипломати се реализирани воздушни напади врз 5 бази на Бригадите на Хезболах во Ирак и во Сирија.

Ирачкото министерство за одбрана пак, исто така соопшти дека од страна на САД биле реализирани 3 воздушни напади врз две позиции на Хашди Шаби во областите Ел-Харш и Селум во провинцијата Анбар.

Ирачкото министерство за внатрешни работи информира дека во воздушните напади врз базите на Бригадите на Хезболах во склопот на Хашди Шаби во Анбар загинаа 28 лица, а 48 се ранети.

Инаку, организацијата Бригадите на Хезболах која се нарекува и Ирачки Хезболах и е поддржана од Иран, е позната како една од милициските фракции кои делуваат во склопот на шиитските милициски сили Хашди Шаби.

 



Слични вести