Доналд Трамп за нападот врз Амбасадата на САД во Багдад го обвини Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп за нападот врз Амбасадата на САД во Багдад го обвини Иран и на Твитер напиша: „Иран го организираше извршениот напад врз Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Ирак. Ќе се смета за одговорен за тоа.“

1332704
Доналд Трамп за нападот врз Амбасадата на САД во Багдад го обвини Иран
irak bagdad abd elcilik.jpg
irak bagdad abd elcilik.jpg
irak bagdad abd elcilik.jpg
irak bagdad abd elcilik.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека одговорен за извршениот напад врз Амбасадата на САД во Багдад, е Иран.

Трамп, во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер се осврна на извршениот напад (упадот) врз Амбасадата на САД во Багдад.

Велејќи „Иран уби еден американски претприемач и рани голем број лица. Одговоривме на силен начин и ќе продолжиме да го даваме потребниот одговор.“ американскиот претседател Доналд Трамп го напиша следното: „Иран, сега раководи со извршениот напад врз Амбасадата на САД во Ирак. Ќе се сметаат за целосно одговорни. Како додаток на тоа, од Ирак очекуваме да ја искористи својата сила за да ја одбрани нашата амбасада.“

 

 



Слични вести