Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот бомбашки напад во Могадишу

СБ на ОН соопшти дека тероризмот продолжува да им се заканува на меѓународниот мир и на безбедноста и се упатува повик без да се губи време да бидат пронајдени и предадени на правдата оние кои го извршиле и го финансирале овој терористички бомбашки напад

1331727
Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот бомбашки напад во Могадишу

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) го осуди терористичкиот бомбашки напад којшто беше реализиран од страна на терористите завчера во главниот град на Сомалија, могадишу.

Во објавеното писмено соопштение од Советот за безбедност се истакнува следното: „Членовите на Советот најсилно го осудуваат извршениот терористички напад врз еден безбедносен пункт во Могадишу во кој загинаа голем број невини лица, а голем број беа ранети, го изразуваат своето сочувство до блиските на загинатите, а на ранетите им посакуваат побрзо оздравување.“ 

Во соопштението се вели дека тероризмот продолжува да им се заканува на меѓународниот мир и на безбедноста и се упатува повик без да се губи време да бидат пронајдени и предадени на правдата оние кои го извршиле и го финансирале овој терористички бомбашки напад.

Заедно со тоа, се нагласува дека Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) е одлучен во поддршката на сомалиската влада и сомалискиот народ, а се додава и следното: „Членовите на Советот за безбедност се одлучни во поддршката на мирот и стабилноста во Сомалија. Ниту овој, ниту другите терористички напади нема да ја ослабат оваа одлучност.“

Инаку, во реализираниот терористички бомбашки напад завчера во моментот на поминување на автобус кој превезувал студенти во сомалискиот главен град Могадишу, беше експлодирано возило бомба и во нападот животот според последни добиени информации го загубија најмалку 90 лица, меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани, а голем број лица беа ранети.



Слични вести