САД реализираа воздушни напади врз терористичката организација Еш Шебаб во Сомалија

Во објавеното соопштение од Командата на војската на САД за Африка (АФРИКОМ) се истакнува дека во три реализирани воздушни напади во соработка со федералната влада на Сомалија, врз терористичката организација Еш Шебаб, се убиени четворица терористи

1331786
САД реализираа воздушни напади врз терористичката организација Еш Шебаб во Сомалија

Соединетите Американски Држави (САД), по терористичкиот бомбашки напад во сабота во главниот град на Сомалија, Могадишу, во кој загинаа најмалку 90 лица, а голем број лица беа ранети, реализираа воздушни напади врз терористичката организација Еш Шебаб.

Во објавеното соопштение од Командата на војската на САД за Африка (АФРИКОМ) се истакнува дека во три реализирани воздушни напади во соработка со федералната влада на Сомалија, врз терористичката организација Еш Шебаб се убиени четворица терористи.

Во соопштението се вели дека во областа Кунјо Бароу се убиени двајца терористи, членови на Еш Шебаб и се уништени две возила, а двајца членови на терористичката организација се убиени во областа Калијоу Бароу.

Во соопштението воедно стои следното: „Цел на овие напади беа одговорните членови на Еш Шебаб кои се одговорни за терористичките акции насочени против невиното цивилно население во Сомалија.“

Инаку, во сомалискиот главен град Могадишу, во сабота во моментот на поминување на автобус којшто превезувал студенти беше експлодирано возило бомба во близина на царинскиот центар, при што во овој терористички бомбашки напад животот го загубија најмалку 90 лица, а голем број лица беа ранети. 

Амбасадорот на Турција во Могадишу Мехмет Јилмаз веднаш по нападот соопшти дека меѓу загинатите се наоѓаат и двајца турски граѓани.

Воедно по овој напад со цел да се достави помош и поддршка во лекувањето на големиот број ранети, во акција стапи и Министерството за здравство на Турција во чии рамки беше испратен во Сомалија медицински авион и 20 члена екипа составена од персонал на Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ) и лекари хирурзи.



Слични вести