По терористичкиот бомбашки напад во Могадишу не можат да се добијат информации од 25 лица од кои 6 деца

Портпартолот на сомалиската влада Исмаил Мухтар истакна дека се уште не можат да се добијат информации од 25 лица за кои се претпоставува дека во моментот на нападот во главниот ргад Могадишу се наоѓале на местото на експлозијата

1331921
По терористичкиот бомбашки напад во Могадишу не можат да се добијат информации од 25 лица од кои 6 деца

Пристигнуваат вести дека по терористичкиот бомбашки напад во сомалискиот главен град Могадишу, во саботата, во кој загинаа приближно 90 лица, а голем број беа ранети, воедно од 25 лица се уште не можат да се добијат информации.

Според вестите коишто се објавуваат во националниот печат, портпартолот на сомалиската влада Исмаил Мухтар истакна дека се уште не можат да се добијат информации од 25 лица за кои се претпоставува дека во моментот на нападот во главниот град Могадишу се наоѓале на местото на експлозијата.  

Велејќи дека се уште продолжуваат и активностите за пребарување и чистење на теренот, Мухтар рече: „Од лицата кои се водат како исчезнати 6 се деца. Досега е утврдено дека загинаа 81 лице.“

Од друга страна, одговорноста за нападот се уште не ја презеде никој.

Инаку, во сомалискиот главен град Могадишу, во сабота во моментот на поминување на автобус којшто превезувал студенти беше експлодирано возило бомба во близина на царинскиот центар, при што во овој терористички бомбашки напад според последни добиени информации, животот го загубија приближно 90 лица, а голем број лица беа ранети. 

Амбасадорот на Турција во Могадишу Мехмет Јилмаз веднаш по нападот соопшти дека меѓу загинатите се наоѓаат и двајца турски граѓани.

Воедно по овој напад со цел да се достави помош и поддршка во лекувањето на големиот број ранети, во акција стапи и Министерството за здравство на Турција во чии рамки беше испратен во Сомалија медицински авион и 20 члена екипа составена од персонал на Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ) и лекари хирурзи.

Посмртните останки на двајцата турски граѓани кои го загубија животот во нападот и 16 ранети сомалиски граѓани беа донесени со авион на лекување во Турција.



Слични вести