Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 17 чувари

Членови на Талибан извршија напад врз станица на припадници на чуварите во населеното место Хоџа Бахаудин во провинцијата Тахар во североисточниот дел на Авганистан, загинаа 17 чувари, а четворица се ранети

1331328
Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 17 чувари

Во реализиран напад од страна на человите на Талибан врз станица на припадници на чуварите во населеното место Хоџа Бахаудин во провинцијата Тахар во североисточниот дел на Авганистан, загинаа 17 чувари, а четворица се ранети.

Портпаролот на губернијата Тахар Џевад Хиџри истакна дека членови на Талибан извршиле напад врз станица на припадници на чуварите во населеното место Хоџа Бахаудин.

Велејќи дека во нападот зганале 17 чувари, Хиџри рече дека воедно биле ранети и четворица чувари.

Хиџри нагласи дека откако во областа пристигнале дополнителни авганистански безбедносни сили бил одбиен нападот на членовите на Талибан.

Во објавеното соопштение од страна на Талибан пак, се тврди дека во нападот загинале 21 чувар.



Слични вести