Во бомбашкиот напад во Могадишу загинаа 80 лица, меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани

Во реализираниот терористички напад со возило бомба во сомалискиот главен град Могадишу животот го загубија најмалку 80 лица меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани, а десетици лица се ранети

1331065
Во бомбашкиот напад во Могадишу загинаа 80 лица, меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани

Бројот на загинатите во реализираниот бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, се зголеми на 80 лица меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани, а десетици лица се ранети.

Според добиени информации од безбедносни извори, во моментот на поминување на автобус кој превезувал студенти во близина на Центарот за царина во Могадишу било експлодирано возило бомба.

Според првични информации во експлозијата животот го загубија најмалку 80 лица меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани. 

Во експлозијата била причинета сериозна материјална штета во околните работни места и згради.

Амбасадорот на Турција во Могадишу Мехмет Јилмаз соопшти дека во нападот животот го загубиле и двајца турски граѓани. 

Амбасадорот Мехмет Јилмаз истакна дека голем број ранети биле префрлени на лекување во Болницата за обука и истражување Реџеп Тајјип Ердоган која се наоѓа во Могадишу.

Амбасадорот Јилмаз рече дека амбасадата е во блиска комуникација со надлежните органи во Турција и во Сомалија, а воедно информира дека Сомалија побарала медицински (амбулантен) авион од Турција за ранетите и напомена дека прашањето се разгледува. 

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со бомбашкиот напад го напиша следното: "На нашите двајца граѓани и на другите наши невини сомалиски браќа кои го загубија животот во кукавичкиот терористички напад во Могадишу им посакуваме милост од Аллах. Постојано ќе бидеме покрај братска Сомалија. Нашата борба против тероризмот ќе продолжи со одлучност."

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. 

Инаку, познато е дека терористичката организација Еш Шебаб поврзана со Ал Каеда мошне често реализира напади во Сомалија.



Слични вести